23/04/2024
Македонија

Промоција на првата Македонска рок-енциклопедија

На платото пред Младинскиот културен центар (МКЦ), утре (вторник, 8 мај) во 20 часот ќе биде промовиран првиот том од првата Македонска рок-енциклопедија од авторот Тошо Филиповски …

Станува збор за капитално дело на музичкиот новинар Тошо Филиповски, кој со години е буден набљудувач, поддржувач, критичар и учесник во рокенрол-културата.

Во енциклопедијата, која е резултат на шестгодишната истражувачка работа на Филиповски, на 400 страници, илустрирани со околу 400 црно-бели фотографии, се испишани биографии на разни состави – рок, џез, блуз, електроника, хип-хоп, ворлд мјузик, поп-рок, панк, хеви метал, реге, скa, потоа текстовиза 333 македонски музички состави и 2000 музичари.

Енциклопедијата содржи автори од периодот од 1963 до 2018 година кои создавале на територијата на Македонија, а со тоа активно дејствувале во креирањето и развојот на македонската музичка сцена.

Македонска рок-енциклопедија е поддржана од Министерството за култура на РМ. Издавач е „Корпус деликти рекордс“.