29/03/2024
Охрид

Промоција на романот „Грех једне Ромкинје“ од Златомир Јовановиќ

Во понеделник на 13 мај во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи промоција на романот „ГРЕХ ЈЕДНЕ РОМКИНЈЕ “ од Златомир Јовановиќ од Обреновац – Србија.

Јовановиќ е познат културолог, книжевник, естетичар и публицист. Тој е прв учител по ромски јазик во Србија и голем поборник за оствaрување на правата на Ромите во соседна Република Србија. За творештвото и животниот пат на Јовановиќ ќе говорат неговите колеги Ибрахим Џемаили од Скопје и Мирко Томовски од Охрид.