24/04/2024
Охрид

Промоција на романот „Виори низ сонот и фантазијата“ од Георги Ставрески

Во просториите на Црвен Крст Охрид утре ќе биде промовиран првиот роман на волонтерот Георги Ставрески со наслов „Виори низ сонот и фантазијата“. Промоцијата ќе биде со почеток во 18:00 часот.

Промотори на овој роман ќе бидат проф. Вангелко Лозаноски, наставник Љубица Чифлигароска, м-р Ивана Рилкова Томевска и Ленче Николоска кои воедно се и рецезенти на романот и се членови на Здружението на љубители на литературата и уметноста „Св.Висарион“ од Охрид.

На промоцијата преку читање на извадоци од романот, ќе се наговести возбудливата тематика која се испреплетува со низа последователни настани, за на крај мрежата што се завивала да се отвори и да ни го претстави неочекуваниот крај. Низ романот на тапет ќе бидат ставени предрасудите и негативностите кои за жал се до нас и околу нас.

Се покануваат љубителите на пишаниот збор да бидат дел од оваа заедничка авантура.

Објавувањето на романот е со поддршка на Црвен крст Охрид.