Пронајдена артилериска граната во нива во Битола

Денес (02.07.2019) во 10:15 часот, во приватна нива во близина на новите градски гробишта во Битола, пиротехничар од ДЗС Битола подигна артилериска граната со калибар 75 мм од Првата светска војна.

Истата е пренесена на безбедна локација во Битола.