29/03/2024
Струга

Пронајдена дрога кај холандски државјанин кој престојувал во РСМ

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Ј.(41) од Холандија, со привремен престој во Р.С.Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 03.07.2018 во с.Горна Белица и на ул.„Моша Пијаде“ во Струга, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории каде престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.