18/04/2024
Охрид

Пронајдена дрога во возило од охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.М. (44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пријавениот на 26.04.2017 година околу 13,45 часот во Охрид, на паркинг просторот пред зграда на улица ,,Јане Сандански”, при пристапување на полициски службеници, од неговото возило, фрлил најлонска паковка со 23,9 грама марихуана.