26/04/2024
Македонија

Пронајдена Холанѓанка која се изгубила на Пелистер

Денес (8.8.2019) во 13:35 часот до Подрачното одделение-Битола при Дирекцијата за заштита и спасување, пристигна дојава за изгубено лице. Станува збор за странски државјанин, А.А.(25) од Холандија. Лицето се упатило од с.Нижополе кон Големо Езеро на Пелистер.

По лоцирањето на изгубеното лице, тимот за брз одговор за спасување на планини, при Дирекцијата за заштита и спасување, излезе на терен, и во 15:10 часот го пронајде лицето над с. Нижополе, со лесна повреда на коленото.

По санирањето на повредата, тимот за брз одговор за спасување на планини при ДЗС, безбедно го пренесе лицето до Битола, каде што е и сместено.