24/04/2024
Македонија

Пронајдена минофрлачка мина во Преспанско Езеро

На ден 24.07.2019 година во 12:00 часот, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – ПОЗС Битола подигна минофрлачка мина со калибар 75 мм од Прва светска војна, која се наоѓаше на туристичкото место Отешево, во близина на поранешниот хотел “Европа”.

Истата беше извадена од Преспанското езеро на длабочина од 20 цм покрај брегот и пренесена на безбедна локација во Битола.