25/04/2024
Македонија

Пронајдена поголема количина на пиротехнички средства во Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Н.М. (31) и А.М. (27), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, предвидено во член 396 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

На 26.12.2017 година, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници извршиле увид и преглед на тезга на која се продават прехрамбени производи во трговски центар во Струмица. При прегледот, под тезгата биле пронајдени вкупно 843 парчиња пиротехничи средства, кои со Потврда за привремено одземени предмети, биле одземени. Пиротехничките средства ги набавил Н.М. и ги сокрил под тезгата на А.М., кој пак ги продавал на граѓаните на Струмица.

Истиот ден околу 11.00 часот на бул. „Маршал Тито“ во Струмица, од страна на полициски службеници, при превземање на мерки и активности за пронаоѓање на сторители на кривични дела казниви по член 396 од Кривичниот Законик на Република Македонија, биле пронајдени околку 7.300 парчиња пиротехнички средства.

Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки за откривање на сторителот-ите и за целосно расчистување на настанот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.