20/04/2024
Македонија

Пронајдена рачна бомба од II Светска војна на брегот на Дебарското Езеро

На дваесет и втори април оваа година во 13 часот и 35 минути, на брегот на Дебарското Езеро во месноста „Венец“, случаен минувач забележал стара експлозивна направа – рачна бомба.

Подрачјето беше обезбедено од полициски службеници се до 18 часот, кога овластено службено лице од ДЗС, извршило безбедно подигнување. Тој констатирал дека се работи за рачна бомба од италијанско производство која потекнувала од II Светска војна.