25/04/2024
Охрид

Пронајдени и одземени четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица

На 02.07.2020 година во 00:00 часот, при преземање мерки против „незаконит риболов“, полициски службеници од СВР Охрид, на брегот на Охридското езеро, кај Пештани, пронајдоа четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица, кои се одземени и предадени на Хидробиолошки завод Охрид.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се сторители на казненото дело „незаконит риболов“, против кои ќе поднесе соодветна пријава.