29/03/2024
Охрид

Пронајдени и одземени пиротехнички средства при претрес во дом на охриѓанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.С.(32) од Охрид.

При претрес, извршен во неговиот дом на 26.12.2018 година, пронајдени и одземени беа 7543 парчиња пиротехнички средства што нелегално ги поседувал.