20/04/2024
Охрид

Пронајдени и одземени риболовни мрежи и две вреќи со уловена пастрмка

На 04.02.2020 година, при преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското езеро, полициски службеници пронајдоа и одзедоа две вреќи со 52 парчиња уловена риба пастрмка, 11 риболовни мрежи како и друг риболовен алат и прибор. Тие се предадени во Хидробиолошки завод Охрид, а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на казненото дело „незаконит риболов“ по што, ќе поднесе соодветна пријава.