28/03/2024
Македонија

Пронајдени и вратени двајцата малолетници што се оддалечија од дом во Велес

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се пронајдени и вратени дома двајцата малолетници за кои беше пријавено дека се оддалечиле од дом во Велес.

Имено, како што претходно ја информиравме јавноста, на 15.03.2019 во 22.00 часот во ПС Куманово, Р.Х.(44) од Куманово пријавил дека неговата 14-годишна ќерка А.Х. се оддалечила од домот, а истиот ден околу 21.20 во ПС Велес, Т.Ј.(40) од Велес пријавил дека околу 19 часот, во неговиот дом дошла токму А.Х. , која била во љубовна врска со неговиот син А.Ј. (15). А.Х. неколку пати претходно доаѓала во куќата. Двајцата малолетници му кажале на Т.Ј. дека сакаат да живеат заедно, по што Т.Ј. им кажал дека ќе ги пријави во полиција затоа што се малолетници и не сака да има проблеми со полицијата. По тоа малолетниците излегле од домот. Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници на СВР Велес за пронаоѓање на А.Х. и А.Ј. и синоќа (17.3.2019) малолетниците се вратени во домовите.