29/03/2024
Охрид

Пронајдени коски во атарот на селото Рамне кои наликувале на човечки

На 17-ти овој месец околу 13 часот, во СВР Охрид добиено е телефонско известување за забележани коски кои наликувале на човечки. Коските биле пронајдени во месноста „Лозја“ атар на охридското село Рамне.

По добиената информација, СВР Охрид оформи увидна екипа која, по овластување на Јавен обвинител веднаш излезе на посоченото место. Сe преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на настанот.