20/04/2024
Охрид

Пронајдени опаковки со хероин кај кумановци во изнајмен стан во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Н.(33) и А.М. (41), двајцата од Куманово.

При претрес извршен во стан на булевар „Туристичка“, изнајмен од сега пријавените, пронајдени се повеќе опаковки со опојна дрога хероин, подготвени за натамошна продажба на наркозависници.