25/04/2024
Охрид

Пронајдено безживотно женско тело во Горно Коњско

На 27 јануари оваа година, околу 17 часот, во СВР Охрид, припадник на планинарска спасителна служба на Црвен Крст-Охрид, пријави пронајден женски леш.

Безживотното тело, врз кое, според првичните сознанија немало траги на насилство, било забележано на планинската патека која води од селото Горно Коњско кон населбата „Лагадин“. На местото на настанот излезен е Јавен обвинител по чија наредба, увидот ќе биде извршен денеска.