Пронајдено безживотно тело во автомобил кај мостот на реката Сатеска во Струга

На 10.07.2018 година околу 08:40 часот, во полициската станица во Струга било пријавено дека во Струга кај мостот на реката Сатеска во патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште бил пронајден починат Н.С. (63) од с.Теферич- струшко.

На местото на настанот, извршен е увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.