18/04/2024
ДебрцаОхрид

Пронајдено нелегално оружје кај жител од Лешани

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В.(35) од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување на огнено оружје“.

При претрес во неговиот дом на 06.03.2019 биле пронајдени и одземени ловна пушка ,,Мossberg” и седум куршуми за ловна пушка, кои ги поседувал нелегално.