Пронајдено огревно дрво без документација во возило и марихуана кај сопатник

На 21.01.2020 година, при преглед на патнички автомобил „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.П.М.(31) од Охрид, извршен на улица „Илија Смически“ во охридското село Лескоец, пронајдени се три метри просторни огревно дабово дрво без соодветна документација. Притоа, кај Б.В.(26) од Охрид – сопатник во возилото, пронајдена е марихуана.

Пронајдените предмети се одземени и предадени за натамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.