28/03/2024
Охрид

Пронајдете ги контејнерите за селекција на отпад и фрлете ја амбалажата во нив!

Со доставувањето на јулските сметки од „Охридски комуналец“, граѓаните во прилог добија и флаер од „Пакомак“, со што уште еднаш им се укажува кои се начините на селекција на отпад, неговото рециклирање и зошто е тоа потребно.

Зошто?

  1. Во спротивно стаклото, пластиката и хартијата би завршиле на депониите кои што имаат ограничен капацитет.
  2. Сакаме да имаме почиста животна средина за нас и за нашите деца.
  3. Селектирањето на отпадот и заштитата на животната средина почнува со секој од нас.

Дали знаевте дека:

  1. Со рециклирањето на отпадот се заштедва електрична енергија.
  2. Стаклото може неограничено да се рециклира.
  3. Рециклирањето стакло ги штеди природните ресурси бидејќи со рециклирање 1 тон стакло добиваме 1 тон нов производ од стакло.
  4. 1 рециклиран тон пластика заштедува 900 литри нафта.
  5. На пластичните шишиња им се потребни 700 години за да се разградат во природата.
  6. Со рециклирање 60 кг хартија спасуваме едно дрво.
  • Во контејнерот за стакло се фрла само стаклена амбалажа од шишиња и од тегли.
  • Во контејнерот за пластика се фрла само пластична амбалажа и лименки.
  • Во контејнерот за хартија се фрла само амбалажа од хартија.

Доколку во вашиот дом имате поголемо количество амбалажен отпад, јавете се во локалното јавно комунално претпријатие за да го преземе.

WebOhrid