29/03/2024
Охрид

Прослава со Дарко Стојаноски за празникот Илинден во Рамне

По повод претстојниот верски празник Илинден и патронот на село Рамне Св. Пророк Илија, Црковниот обор од с.Рамне организира општонародна прослава, на ден 01.08.2018година (среда) со почеток во 20:00 часот.

Програмата ќе ја збогати познатиот естраден уметник, македонското грло Дарко Стојаноски во придружба на најдобрата охридска реномирана група Император Бенд.

Црковниот одбор Св. Пророк Илија од село Рамне ги поканува сите добронамерни верници на заедничко прославување на овој празник.

А.Андриоски