18/04/2024
Охрид

Прослава со познатите фолк пејачи Елена Јовческа и Спасен Силјаноски за празникот Св.Недела во Долно Коњско

По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, на 19ти јули (четврток), во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид Црковниот одбор од с.Коњско организира прослава, на која годинава присутните верници ќе ги забавува познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски и фолк пејачката и гајдаџика, Елена Јовческа. Забавата ќе биде со почеток во 21:00 часот.

На 20ти јули (петок), во црквата Света Недела ќе се служи света литургија, со почеток во 07:30 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.

Се повикуваат сите верници од Коњско, Охрид и околните места, па и пошироко на заедничко прославување на овој празник.

Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско

Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на тогашната директорка на Завод и Музеј Охрид, Тања Паскали Бунташеска, а се изгради со донациите на локалните жители, како и жителите од пошироката околија.

Инаку, црквата „Света Недела“, беше осветена на 13-ти јули 2014 година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.

WebOhrid