28/03/2024
Македонија

Проштална средба на претседателот Иванов со амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална посета го прими амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. г. Олег Шчербак.

На средбата Претседателот на Република Македонија му заблагодари на амбасадорот Шчербак за неговата досегашна посветеност во продлабочувањето на соработката и севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација.

Претседателот Иванов изрази задоволство од континуираната поддршка од страна на Руската Федерација и истакна дека во духот на традицијата и пријателството, очекува односите меѓу двете земји во иднина да се зацврстуваат и унапредуваат.

Македонскиот претседател се заблагодари за долгогодишниот дипломатски ангажман на амбасадорот Шчербак и изрази задоволство од политичкиот дијалог меѓу Република Македонија и Руската Федерација и интензивираните посети и контакти на сите нивоа во изминатиов период.

Претседателот Иванов го поздрави придвижувањето на соработката меѓу двете земји во сферата на економијата и зголеменото присуство на руските компании во Република Македонија и ја нагласи подготвеноста на Република Македонија за натамошно градење на партнерски односи со Руската Федерација во сферата на економијата и трговската размена.

Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните политички состојби во Република Македонија и за последните случувања во регионот и Европа.