16/04/2024
Македонија

Проштална средба со Хасан Бин Абдула Заид-Ал Махмуд, амбасадор на Државата Катар во Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Државата Катар во Република Македонија, Н.Е. Хасан Бин Абдула Заид-Ал Махмуд.

На средбата претседателот Иванов изрази задоволство од развојот на билатералните односи, преку размената на посети на највисоко ниво и реализација на повеќе иницијативи. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во двете земји, како и за можностите за интензивирање на соработката во сите сфери од заемен интерес, особено во сферата на економијата.

Претседателот Иванов се заблагодари за севкупниот ангажман на амбасадорот Хасан Бин Абдула Заид-Ал Махмуд, како прв резидентен амбасадор на Државата Катар во Република Македонија и за неговиот придонес во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји и му посака успех во натамошната работа.