18/04/2024
Спорт

Прв FIBA 3×3 SATELLITE турнир во Македонија

Во изминатите неколку години ширум светот, 3х3 баскетот зема сè поголем замав кога станува збор за популарноста на овој спорт. Здружението „3×3 Macedonia“  го прифати предизвикот за популаризација на овој спорт и во границите на нашата земја, па во изминатите 365 дена напорно ’работи на случајот’. На територија на Македонија беа одржани неколку FIBA Endorsed турнири, за сениори и за млади, а кон средината на месец јуни започна и премиерната MKD Tour – лига. Лигата ја имаше својата премиера пред речиси еден месец в Скопје, а турнејата продолжува во Охрид…

За девет дена, во центарот на Охрид ќе се одржи вториот планиран турнир оваа година и тоа не каков било турнир туку FIBA Endorsed SATELLITE!

Турнирот ќе биде од меѓународен карактер, а веќе неколку екипи од Европа го пријавија своето учество! Освојувачите на првото место ќе добијат 2.000 евра парична награда како и место (slot) на Challenger-от кој ќе се одржи во Љубљана (17. и 18. август) додека второпласираната екипа ќе освои само парична награда во висина од 1.000 евра.

Ги охрабруваме сите баскетџии кои се ’најсилните шизици во маало’ да се пријават на овој турнир и да ја демонстрираат својата надмоќ на теренот во ’европскиот Ерусалим’.

Времето истекува!

Охрид; 21. и 22. јули, 2018 година!
FIBA ENDORSED 3X3 SATELLITE

Бидете таму!

Дополнителни информации и пријавување на info@3x3macedonia.mk
Линк до play.fiba настан -> ТУКА!
Линк до play.fiba Ljubljana Challenger -> ТУКА!