16/04/2024
Охрид

Работилница „Унапредување на безбедноста на патниот сообраќај на локално ниво“

Во рамките на напорите за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот, во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата организира стручни работилници на тема „Унапредување на безбедноста на патниот сообраќај на локално ниво“.

Предвидено е, работилницата во Охрид да се одржи денес (05.10.2018) со почеток во 13:00 часот во просториите на Општина Охрид.

На работилницата се очекува да присуствуваат претставници на РСБСП, претставници на СВР Охрид, Технички факултет Битола, претставници на општина Охрид и ОСБСП Охрид, и претставници на другите надлежни органи и заинтересирани страни.

Целта за организација на наведената работилница е анализа и утврдување на состојбите со безбедноста на патниот сообраќај на подрачјето на СВР Охрид, унапредување на соработката помеѓу надлежните субјекти, размена на ставови, мислење и искуство и дефинирање на предлог мерки и активности за побезбеден сообраќај на локално ниво.