18/04/2024
Охрид

Работна средба на министерот за локална самоуправа со градоначалниците на општините Охрид и Дебрца

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заедно со директорот на Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југозападниот плански регион денес имаше  работна средба со градоначалниците на општините Охрид и Дебрца, Јован Стојаноски и Зоран Ногачески.

На средбата, што се одржа во кабинетот на градоначалникот Стојаноски, се разговараше за развојните можности и приоритети на единиците на локална самоуправа во контекст на процесите на децентрализација и регионален развој.Заеднички беше констатирано дека локалните самоуправи од регионот, со поддршка на централната власт, треба да ги интензивираат активностите за привлекување инвеститори во технолошко- индустриската развојна зона што се наоѓа меѓу Охрид и Струга, да аплицираат за трансграничните проекти и проекти  за конкурентност во туризмот.