26/04/2024
Спорт

Ракомет во Струга за помош на Сара и Зоран

Ракометниот натпревар од женската ракометна Супер лига помеѓу „Стружанка“ од Струга и „Металург“ од Скопје, а ќе има хуманитарен карактер.

Со цел да се соберат парични средства за лекување на Сара Настеска од Охрид и Зоран Перески од струшкото село Ложани, утрешниот ракометен натпревар од женската ракометна Супер лига помеѓу ракометарките од „Стружанка“ и скопски „Металург“, ќе има хуманитарен карактер и ќе биде посветен за помош на младите Сара и Зоран кои се соочени со тешки болести и потребни им се пари за итно лекување.

За таа цел, влезот на ракометниот натпревар е бесплатен, а секој гледач ќе може доброволно да донира парична помош на неколку места обележани за таа намена.

На овој начин, ракометарките од „Стружанка“ и „Металург“, се приклучуваат кон бројните хуманитарни акции за помош на Сара од Охрид, но и на младото момче Зоран од струшкото село Ложани, посакувајќи им успешно лекување и оттргнување од канџите на тешките болести.

Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 13 часот и 30 минути во спортската сала „Нико Нестор“ во Струга.