20/04/2024
Македонија

Раководствата на МВР и Министерството за здравство ги посетија повредените полициски службеници

Министерот за здравство Венко Филипче, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на БЈБ Сашо Тасевски денеска во комплексот клиники „Мајка Тереза“ ги посетија и им посакаа побрзо закрепнување на двајцата полициски службеници кои денеска (05.08) околу 5 часот на обиколницата, во близина на клучка Радишани, беа повредени откако во нив удри возило БМВ. Полициските службеници се соодветно згрижени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.