23/04/2024
Охрид

Расчистен патниот правец Косел-Прентов Мост

Денес екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за чистење на расфрлан комунален отпад покрај коловозот од магистралниот пат Охрид-Битола, на потегот од с.Косел до месноста Прентов Мост.

„Иако оваа активност не е во наша надлежност бидејќи се работи за магистрален пат, им излегвме во пресрет на барањето на М.З. Куратица. Подигнати се огромни количини отпад од пластична амбалажа, хартија, лименки и др.“ – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.