20/04/2024
Охрид

Расчистен патниот правец Охрид-Подмоље

 Екипите на „Охридски Комуналец„ реализираа акција за расчистување на делницата од магистралниот пат Охрид-Скопје од сообраќајната клучка на влезот во Охрид (петља) до с.Подмоље. Расчистен е расфрланиот ситен комунален отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки и др.) околу коловозните ленти. Ангажирани беа 6 (шест)  комунални работници и подигнати се 30 вреќи отпад.