28/03/2024
Охрид

Реализиран проектот „Спорт и култура, иднината на нашиот регион“ во организација на ЈП „Билјанини Извори“

Викендов (16 – 17 јуни) во организација на ЈП „Билјанини Извори“, а со финансиска поддршка на SWG (Regional Rural Development Standing Working Group) во соработка со ЕУ се реализираше проектот Спорт и Култура, иднината на нашиот регион.

„Проектот имаше за цел да социјализира-дружи три фудбалски клубови од три различни градови (Охрид, Корча и Струга) и при тоа ние како организатори за да го постигнеме тоа ги избравме универзалните социјални инструменти спортот и културата.

Заедно ги посетивме Заливот на коските, стариот дел на градот и одржавме фудбалски турнир на кој натпреварувачкиот дух имаше најмало значење за сите нас кои бевме дел од реализацијата на овој проект.

Овој проект е прв меѓународен проект за ЈП „Билјанини Извори“ и успешната реализација на истиот ни дава за право да се ангажираме и фокусираме на уште поголеми проекти кои ќе донесат повеќекратен бенефит за ЈП „Билјанини Извори“, а со тоа и за нашиот град.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.