28/03/2024
Охрид

Реализирана хуманитарната продажна изложба на домашни прехранбени специјалитети

Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид денес на Градскиот плоштад „Климент Охридски“ во Охрид реализира хуманитарна продажна изложба на домашни прехранбени специјалитети во боите на Бреинобреин, приготвени од родителите на децата кои ја следат Бреинобреин програмата.

Посетителите имаа можност да уживаат во прекрасните солени и слатки специјалитети искажувајќи ја својата хуманост со донации во касите на Црвен крст Охрид, наменети за помош во лекувањето на Сара Настеска.