29/03/2024
Охрид

Регионален конгрес на студентската платформа Аиесец во Охрид

Вчера во Охрид започна тридневниот регионален конгрес на АИЕСЕЦ, најголема студентска платформа во светот. Конгресот е посветен на зајакнување на Балканската регионална мрежа на АИЕСЕЦ, преку поврзување на членството, споделување на искуства и исполнување на главната цел на АИЕСЕЦ – вршење на позитивен импакт во општетвото. Пред студентите се обрати градоначалникот Стојаноски,кој посакувајќи им добредојде на студентите и успешна работа, рече дека се чувствувам повторно свој меѓу своите, меѓу моите студенти и колеги“.

„Непосредно ми е позната студентската огромна енергија, ентузијазам и желба за константни нови знааења, промени на подобро и изградба на едно помирно, побогато и поправедно општество за сите. Студентската платформа АЈСЕК верувам дека знае најдобро да ги обедини вашите знаења, активности и заедничко делување во остварувањето на вашите благородни цели. Искрениот пристап што вие го градите меѓу себе, во промоција на индивидуалните лидерски квалитети, стремењето кон врвни резултати, со одржлив развој и на АЈСЕК  и на пошироката заедница, низ мултикултурната поврзаност,  се гаранција за креирање на благопријатен амбиент за соработка и извесна подобра иднина за целиот регион“ – истакна во своето обраќање градоначалникот Стојаноски.

На конгресот учествуваат повеќе од 300 студенти од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија.