28/03/2024
Македонија

Регионална дискурзивна програма и презентации на Биеналето на млади уметници во МСУ

В четврток (15-ти март), со почеток во 17,30 часот во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се одржи регионалната дискурзивна програма и презентации на уметниците-учесници на 12-тото Биенале на млади уметници кое од 28 февруари до 28 март се одржува во Скопје …

Во рамки на настанот своите видувања за уметничкото образование и дискурзивните практикиво современата уметност, како и уметничките приоди и пракси, со присутните ќе ги споделат историчарката на уметност Ивана Мештров од Загреб, Хрватска и кураторката Ана Франговска, од Скопје.

Нивното претставување ќе биде надополнето со презентација на уметниците-учесници на 12-тото Биенале на млади уметници, Марија Конеска, Барски Брачач; Марко Јанев и Филип Велковски, со Ана Лазаревска, Димче Димески, Зоран Шекеров, Симона Манчева и Дарко Алексовски.

На крајот на настанот ќе следува разговор со двете гостинки и со уметниците.