29/03/2024
ОхридСпорт

Реконструкција и санација на фудбалскиот терен на стадионот „Билјанини Извори“

ЈП „Билјанини Извори“ започнува голема акција за реконструкција и санација на главното градско игралиште за фудбал. Се планира да се заменат околу 3000 м² оштетен бусен (тревна подлога) со нов и на таков начин како никогаш до сега да се подобрат условите за одигрување на фудбалските натпревари.

Реконструкцијата ќе трае до 1 мај, така што до тој датум градскиот стадион „Билјанини Извори“ ќе биде затворен за користење од страна на фудбалските екипи и школи.