19/04/2024
Македонија

Ревија на „Киненова“ во Кинотеката на Македонија

Во Кинотеката на Македонија, од вчера е во тек ретроспектива на програмата на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“…

Ретроспективата, која има за цел да им даде уште една можност на гледачите кои не успеале во рамките на премиерните прикажувања на „Киненова“ 2017 да видат четири филмски остварувања на дебитанти кои беа дел од филмовите во издание на фестивалот, започна со филмот „Лето 1993“ од шпанската авторка Карла Симон.

Вечерва на програма е „Колумбус“, на режисерот со азиско потекло Когонада. Ревијата ќе продолжи на 18 февруари, недела, кога ќе биде прикажан костариканскиот филм „Звукот на нештата“ на Амат Ескаланте. Ревијата на дебитантски остварувања ќе заврши на 19 февруари со проекција на филмот „Квалитетно време“ на холандскиот режисер Дан Бакер кому жирито на Ротердамскиот филмски фестивал, за ова филмско остварување, му ја додели наградата за најдобар дебитантски филм.