29/03/2024
Охрид

Резултати од јавниот ликовен конкурс „Убавините на Национален парк Галичица“

По повод денот на Национален парк Галичица (25 октомври), Јавната установа Национален парк Галичица распишa ликовен конкурс на тема: „Убавините на Национален парк Галичица“.

На конкурсот можea да земат учество сите ученици кои ја сакаат уметноста и кои сакаат да творат. Право на учество имаа учениците од основните училишта од општините Охрид и Ресен. Учесниците беа распределени во две категории:

1.      Ученици од одделенска настава ( Iодделение);

2.      Ученици од предметна настава ( VIIX одделение).

Тема на ликовниот конкурс беше Убавините на Национален парк Галичица, нејзините пределски и пејсажни вредности, богатиот растителен и животински свет и нераскинливата врска на планината Галичица со Охридското и Преспанското Езеро. Секој ученик по слободен избор можеше да ја одбере техниката на својата ликовна творба.

Крајниот рок за предавање на ликовните творби беше 21.10.2019 година.

Изборот на наградени го вршеше комисија составена од еден надворешен член, наставник по ликовна уметност и еден член вработен во Јавната установа Национален парк Галичица.

На 01.11.2019 година во просториите на Јавната установа Национален парк Галичица во рамките на настанот на промовирање на новата веб страна и мобилната апликација на Националниот парк Галичица ќе биде и доделувањето на наградите. Ќе бидат наградени 3 творби од одделенска настава и 3 творби од предметна настава. Наградените ќе добијат пакети со сувенири и обелжја од Националниот парк Галичица, во согласност со освоеното место.

Комисијата составена од еден надворешен член, наставник по ликовна уметност и еден член вработен во Јавната установа Национален парк Галичица, ги додели следните награди:

Наградени ученици од одделенска настава (I-V одделение):

I награда – Константин Митрески II oдд., ОУ.„Григор Прличев“ – Охрид
II награда – Андреа Поповска IV одд., ОУ.„Браќа Миладиновци“ – с.Царев Двор, Ресен
III награда – Ристе Ристески IV одд., ОУ.„Св.Климент Охридски“ – Охрид
III награда – Бисера Златева III одд., ОУ.„Христо Узунов“ – Охрид

Наградени ученици од предметна настава ( VI-IX одделение):

I награда – Андреј Мешкоски VII одд., ОУ.„Св.Наум Охридски“ – с.Пештани, Охрид
II награда – Марија Сандреска IX одд., ОУ.„Братство Единство“ – Охрид
III награда – Теодора Каланоска IX одд., ОУ.„Кочо Рацин“ – Охрид
III награда – Марија Тодоровска IX одд. ОУ.„Браќа Миладиновци“ – с.Царев Двор, Ресен

Пофалени ученици:

Мартин Маслов II одд., ОУ.„Св.Климент Охридски“ – Охрид
Бисера Карадакоска II одд., ОУ.„Григор Прличев“ – Охрид
Кристина Радевска IX одд., ОУ.„Славејко Арсов“ – с.Подмочани, Ресен

Сите наградени и пофалени ученици заедно со своите ментори се очекуваат на 01.11.2019 (петок) во просториите на Јавната установа Национален парк Галичица во 13 часот.