18/04/2024
Спорт

Резултати од трките на Охрид трчаТ на 10км и 5км

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски и српската атлетичарка Теодора Симовиќ победија на десет километарската трка која се одржа во склоп на Атлетската манифестација Охрид трчаТ.

Ивановски десеткилометарската делница ја помина за 31 минута и 55 секунди и стигна до втората победа на Охрид трчаТ. Ивановски победи во првото издание одржано 2017 година. Симовиќ која годинава дебитираше и победи десетте километри ги истрча за 37 минути и 56 секунди.

Трета година по ред втората позиција во машка конкуренција ја зазеде Милош Ранчиќ кој имаше време (34:17), додека третопласиран финишираше Муџахит Мислимоски со (34:41). Во женска конкуренција двократната шампионка Адријана Поп Арсова се закити со сребреното одличје со време (39:10), а бронзата и припадна на Бугарката Билсерин Сулејман (40:41).

Во рекреативната трка на 5 километри најбрзи беа Кристијан Стојани со време (18:33) односно Елена Даниловска со време (24:17). Во машка конкуренција на тим билдинг трките на 10 и 5 километри победници се Делта односно Ласовски Дентал, додека во женска конкуренција на 10 километри најбрзо беа членовите од Најк Ран клуб, а на пет прв финишираше тимот на Лицата со ретки болести.

На Охрид трчаТ учеството го имаа пријавено 1 585 натпреварувачи. Настанот беше емитуван во живо, а на учесниците не им попречи ниту дождот кој само беше уште еден декор во ново фантастично издание на Охрид трчаТ.

Резултати 10км:

Машки
1. Дарио Ивановски (31:55)
2.Милош Ранчиќ (34:17)
3.Муџахит Мислимоски (34:41)

Женски
1.Теодора Симовиќ (37:56)
2.Адријана Поп Арсова (39:10)
3.Билсерин Сулејман (40:41)

Резултати 5км:

Машки
1.Кристија Стојани (18:33)
2.Дејан Ангелоски (18:40)
3.Наум Танески (18:52)

Женски
1.Елена Даниловса (24:17)
2.Ангела Чингоска (24:33)
3.Весела Панчева (24:39)