28/03/2024
Спорт

РФМ им исплати премија од 30.000 евра на ракометарите за пласман во втората фаза на ЕП Хрватска 2018

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Европското Првенство во Хрватска 2018.

Македонија со две победи против Словенија и Црна Гора и еден нерешен резултат против Германија, го освои првото место во групата Ц од првата фаза на Европското Првенство, обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите 12 репрезентации на „Стариот континент“. По одигрувањето на трите натпревари од втората фаза, Македонија го заврши ЕП на 11 позиција.

Ова беше петто учество на македонските машки сениори на Европските Првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016) и вкупно десетто учество заедно со Светските Првенства.

Со пласманот на ЕП 2018 во Хрватска, Македонија осигура место во групата на носители во баражот за СП 2019 каде за противник ја доби Романија, а обезбеди и место во првиот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за пласман на ЕП 2020.