19/04/2024
Регион/Свет

Риека и Голвеј – европски престолнини на културата

Хрватскиот град Риека и ирскиот Голвеј се избрани за европски градови на културата за 2020 година.

Риека ќе се промовира преку мотото „Пристаниште на разновидноста“, со стотици проекти меѓу 250 партнери од 40 земји. Културната програма ќе се фокусира на темите за водата, работата и миграцијата, поврзани со нејзиниот идентитет, но и актуелните проблеми во поширокиот свет.

Мотото на културната програма на Голвеј, пак, е „Пуштете ја магијата внатре“, вклучувајќи локални теми за јазикот, пејзажот и миграцијата – со европска и универзална релевантност и резонанца, како и славење на светската литература.

Изборот на европски градови на културата е една од најпознатите културни иницијативи на стариот континент, со традиција од 1985 година, на иницијатива на тогашна грчка министерка за култура, Мелина Меркури. Градовите се бираат врз основа на културна програма која мора да има силна европска димензија – промовирање на учество и активно учество на жители на градот, заедниците и разни заинтересирани страни, со цел долгорочен развој на градот и околниот регион.

Во 2019 година, бугарски Пловдив и италијанска Матера ја понесоа титулата Европска престолнина на културата, додека идната година таа чест ќе им припадне на Темишвар од Романија, грчка Елевсина и српски Нови Сад.