19/04/2024
Спорт

РК Охрид поразен од Еурофарм Работник

Вечерва во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во рамките на Плеј-офот од машката ракометна Суперлига, тимот на РК Охрид го пречека тимот на Еурофарм Работник.

Гостите немаа проблеми со контролата на играта во текот на целиот натпревар. Натпреварот го започнаа со водство, а охриѓани единствено успеаа да изедначат на 1-1. Еурофарм Работник го презеде водството и постојано го зголемуваше, додека пак РК Охрид ја бркаше негативата и колку-толку се обидуваше да ја намали. На крајот Еурофарм Работник го доби натпреварот со 21-26.

WebOhrid