20/04/2024
Спорт

РК Охрид утре игра против Еурофарм Работник

Утре со почеток во 19:00 часот во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, тимот на РК Охрид го пречекува тимот на Еурофарм Работник.

„Еурофарм Работник оваа година состави навистина добра екипа, каде што имаат двајца-тројца подеднакво добри играчи на секоја позиција, успеаа да се се засилат во текот на зимскиот период, дека се моќна екипа покажа и нерешениот  резултат со екипата на Металург кој успеа да се спаси од пораз во последните секунди од натпреварот. Што се однесува до нашиот тим, ние сме со ограничен ростер, но тоа не значи дека ќе се откажеме, туку напротив ќе го дадеме максимумот ќе играме до крај и се надевам дека ние ќе бидеме тие што се радуваат на крај. Ги повикуваме сите љубители на ракометот, да дојдат во што поголем број, да ни дадат поддршка, бидејќи навистина ни е потребна.“ – изјави Крсте Андоновски, капитен на РК Охрид.

„Нашите очекувања се да извлечеме што е можно подобар резултат против Работник. Минатата недела имавме тежок пораз за време на Купот, малку разочарани од судењето, се обидуваме да се вклопиме и да се вратиме назад на победничките патеки. Се надевам дека ќе извлечеме некој позитивен резултат иако се знае дека фаворит е Еурофарм, но ние сепак не се предаваме, ќе го дадеме својот максимум, па да ја израдуваме нашата публика.“ – изјави Јане Јанчев, играч на РК Охрид.

WebOhrid