18/04/2024
Спорт

РК Охрид за Јана

Вечерашниот натпревар помеѓу РК „Охрид“ и РК „Бутел“ ќе има и хуманитарен карактер. Сите средства собрани од продажбата на влезниците за натпреварот ќе бидат донирани за охриѓанката Јана Арсовска.

Дополнително во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат поставени и кутии за донации од охридскиот Црвен крст.

Влезниците за натпреварот може да се набават на билетарницата во СРЦ „Билјанини Извори“ која ќе биде отворена од 12 часот и ќе работи до почетокот на натпреварот во 19 часот.

Сите тимски и сплотени да помогнеме за ЈАНА!