Романија нов претседавач со Советот на ЕУ

Со почетокот на 2019 година, Романија стана новиот претседавач со Советот на Европската Унија, за прв пат откако стана дел од европското семејство во 2007 година.

Како свои приоритети во шестмесечниот мандат, Романија ги одреди:

  • стимулирање на растот на ЕУ;
  • подобрување на условите за конкурентност;
  • зајакнување на внатрешната безбедност;
  • промовирање на европските заеднички вредности на демократијата, слободата и почитувањето на човековото достоинство во ЕУ и надвор од нејзините граници;
  • фокус на борбата против расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот, нетолеранцијата и популизмот.

Исто така, за време на своето претседателство, Романија ќе се соочи и со преговорите за следниот долгорочен буџет на ЕУ, како и со „Брегзит“. На 9 мај оваа земја ќе биде домаќин на неформалниот самит на Европскиот совет во Сибиу, каде што лидерите ќе разговараат за плановите за иднината на ЕУ. Тоа ќе биде нивниот прв состанок по повлекувањето на Велика Британија од ЕУ и последниот состанок пред европските избори на 23 и 26 мај.

Романија го презеде ротирачкото претседателство од Австрија, а по шест месеци ќе ѝ го предаде на Финска.