Шахтите во Пештани – нагазни мини за автомобилите

Пештани „ја испрати“ и оваа летна туристичка сезона. Но, за жал, многумина ќе понесат и непријатни спомени од нивното патешествие низ Пештани, конкретно од неизнивелираните шахти.

„Има едно критично место, еден теснец, каде што не се гледа дали доаѓа возило од спротивниот правец. Од едната страна возачите ги одбегнуваат шахтите, додека пак другите ги заобиколуваат паркираните возила. Во таква ситуација е критично и за самите возачи, но и за пешаците кои поминуваат тука.“ – вели загрижен жител од Пештани.

Пештанци апелираат до надлежните служби што побрзо да излезат на терен, да извршат увид, па да ги нивелираат овие шахти, за следната сезона Пештани да ги дочека туристите во уште подобро издание.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid