28/03/2024
Струга

Сакал да го голтне хероинот за да го сокрие од полицијата

На 06.02.2020 на регионалниот пат Дебар -Струга, во близина на браната „Шпиље“, при преглед на патничко возило „шкода“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) од Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар, кај сопатникот Р.Ј.(33) од Дебар, пронашле и одзеле хероин, кој тој се обидел да го проголта.

При претрес во неговиот дом, извршен подоцна врз основа на судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. Р.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.