28/03/2024
Македонија

Санкционирани 47 возачи на мотори во Скопје, вкупно близу 200 казни за возачи

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 33 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 57 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 08/09.09.2019 во времето од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 47 возачи. Откриени се и 42 останати прекршоци,