29/03/2024
Охрид

СДСМ: Ништо преку ноќ не може со волшебно стапче да се промени – за сè господа од ВМРО-ДПМНЕ треба работа и знаење

ОО на СДСМ Охрид испрати реакција во врска со прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, за работењето на ЈП „Колекторски систем“.

„Фабриката за лаги на ВМРО ДПМНЕ од државно со приближувањето на вонредните избори во април се засилува и на локално ниво.

Без трошка срам и одговорност за она што го оставија зад себе по нивното 11 годишно владеење, ВМРО ДПМНЕ продолжуваат без осонов да спинуваат и за работи за кои над една деценија не мрднале со прст.

Така, вчера се обидоа на јавноста да и продадат небулози за работата на новото Државно ЈП „Колекторски систем“. Јавноста, за среќа добро знае што направи и што допрва ќе прави Владата предводена од СДСМ за Охрид и регионот сврзано со Колекторот.

Господа од ДПМНЕ, Вие најмалку имате право на каков било коментар околу работењето на колекторскиот систем. За 11 години власт не вложивте ниту 11 денари во неговото одржување.

Вие сте тие кои не само што не вложивте, туку успеавте со Вашата негрижа Швајцарската донација во редуктори во вредност од 1 милион швајцарски франци во 2013 година за само една година да ја сотрете и да нема ништо од сето тоа.

Споменувате делбен биланс и вредности од истиот. Господа од ДПМНЕ, само да Ве потсетиме дека тој делбен биланс го гласаа и Вашите советници во Советот на Општина Охрид и истиот едногласно беше усвоен од сите присутни советници. И од каде сега наеднаш ВИЕ како да не сте од тука се оградувате од нешто што сте дел. Но, таквата практика ви е запишана во кодот: „Ние никогаш, само СДСМ е виновна за се’ и кога е опозиција и кога е власт.“

Затоа не треба многу да се мудрува, многу е едноставно. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО делбениот биланс И ПОТРУДЕТЕ СЕ да ги пронајдите вредностите. Не е ни за чудење што Вие и кога сте го гласале воопшто и не сте го погледнале, а уште помалку проанализирале.

Кога сме кај излевањето на фекални води во езерото е тука изгледа сте ги помешале брзините. Или Вие не живеете во градот Охрид или како и за погоре споменатиот делбен биланс воопшто и не сте заинтересирани. Токму таа Ваша незаинтересираност и негрижа можевте, а и за блиска иднина ќе можете да ја видите на снимките кои се прават за време на веќе отпочнатата санација на колекторскиот систем кој во целост беше заборавен од Вас.

За разлика од Вас ние од СДСМ работиме, за разлика од Вас ние инвестираме. Само да Ве потсетиме Владата на Република Северна Македонија, од буџетот обезбеди 4,2 милиони евра за санирање на најкритичните места поточно местата каде што ИМАШЕ излевање на фекалии во езерото. Владата, лани на чело со нашиот лидер Заев имаше храброст да стави крај на вртењето во круг и да го преземе Колекторот и долговите. Ништо преку ноќ не може со волшебно стапче да се промени – за сè господа од ВМРО ДПМНЕ треба работа и знаење.

Е токму тоа е она што Ве загрижува. Можевте, не сакавте или не знаевте. Токму тоа е она што граѓаните го увидоа и за крај токму тоа е она поради кое на 12 Април Вие ќе заминете во историјата.“ – стои во реакцијата од СДСМ – Охрид.